Дома Фудбал Германија Очекувано: Бундеслигата собори рекорд на гледаност

Очекувано: Бундеслигата собори рекорд на гледаност

Како што се и очекуваше, Бундеслигата вчера собори рекорд на гледаност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот фудбалски шампионат се врати после двомесечна пауза. Таа е првата лига во Европа која продолжи да се игра после пандемијата со коронавирусот.

На фудбалската јавност и недостигаше фудбалот, а со оглед дека не се дозволува присуство на навивачите на трибините, сите го гледаа натпреварите пред малите екрани.

Официјалните статистики велат дека само во Германија вчерашните натпревари ггледале повеќе од шест милиони. Благодарение на тоа, телевизијата Скај, која ги пренесуваше натпреварите го собори сопствениот рекорд во гледаност на германското првенство.

Вчера во 15.30 часот, кога започнаа првите натпревари, Скај го гледале 3,68 милиони гледачи на каналите кои се плаќаат, а тоа значи дека неколку пати повеќе гледачи гледале саботен бундеслигашки фудбал.

Со сигурност и останатите најголеми фудбалски лиги ќе ги соборат рекордите на гледаност кога ќе започнат шампионатите, а најголема гледаност се очекува на англиската Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

От Интер подготвуваат понуда за англиски репрезентативец кој треба да го замени Дамфрис

Управата на Интер подготвува понуда за англискиот репрезентативен бранител Џед Спенс, изве…