Дома Фудбал Останато Фото: Шпанија пишува за гестот на Роналдо – што значеше овој потег на Португалецот!?

Фото: Шпанија пишува за гестот на Роналдо – што значеше овој потег на Португалецот!?

ronaldo

Она што Роналдо го направи сигурно е порака, но на кого. Можеби на ривалот, но местото на кое гледаше покажува нешто друго.

Камерите во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен успеаа да фатат интересен момент при прославата на вториот гол на Роналдо.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Роналдо со својот гест покажуваше пари, па остана прашањето за што се работи и на кого му е упатена оваа порака.

Првата помисла е дека пораката била наменета за ПСЖ и дека нивните пари не се доволни за да го победата Реал, но Роналдо никогаш не обраќал на противникот на тој начин. Покрај тоа има одлични односи со „светците“, односно со Ал Келаифи и сигурно дека доколку не беше Нејмар, тој ќе беше главна мета на Французите.

Втората приказна е поврзана со навивачите кои го критикуваат дека мисли само на парите и дека поради тоа играше лошо, односно играше лошо до пред неколку недели.

Но, изгледа дека Кристиано гледал кон ложата во која седел Флорентино Перез.

Па, најреалната теорија е дека сакал да го потсети претседателот дека не го исполнил своето ветување по освојувањето на Примера и Лигата на шампионите дека платата ќе му биде зголемена.

ronaldo

Роналдо сега во Реал заработува 23 милиони евра по сезона и има договор до 2021 година, но бара 30 бидејќи смета дека не е ред огромната разлика помеѓу неговата со онаа на Нејмар и Меси.

Тој наводно им се пожалил на пријателите дека  од кога започнала сезоната добива одговор „утре“. Роналдо повеќе пати до сега истакнуваше дека сака да ја заврши кариерата, но и додаваше дека тоа не зависи од него.

Наводно Португалецот сака да има влијание и во клупската политиката и тој, но и останатите играчи сакаат Зидан да остане, а покрај тоа се пишува и дека инсистира на доведување на Давид Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Храброст или лудост: Навивач на Партизан сам тргна да се тепа со неколку илјади „Делии“ 🎥

Помеѓу навивачите на Партизан владее голем бес и разочарување од резултатите кои ги бележи…