Дома Фудбал Останато ФОТО: Сите кои лажирале години се аматери во споредба со овој Индиец

ФОТО: Сите кои лажирале години се аматери во споредба со овој Индиец

Според документите тој е полнолетен…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Постарите љубители на фудбалот се сеќаваат на познатиот Ериберто, подоцна стана Лучијано.

Бразилецот играше за Киево и го фалсификувал својот пасош со цел да ги лажира своите години и да се претстави четири години помлад.

Во Верона играше одлично, дури после измамата беше казнет со шест месеци и пола милиони евра, премина во Интер на позајмица, потоа се врати во Киево, а на 38 години пред неколку сезони заигра за Мантова.

Но, тој е аматер во однос на индиската „надеж“, Гуараво Муки. Нему му успеало нешто што изгледа невозможно.

Пред четири години го фалсификувал својот пасош и играл за репрезентацијата на Индија како „15 годишник“. Во тој момент верувале или не имал – 26 години!

Неговата измама била откриена неодамна, сега има 28 години, а лажел за цели 11 што изгледа навистина неверојатно.

Овој човек е „шампион“, а еве како изгледа денес кога според неговиот пасош е полнолетен и има 18 години.

За лажирањето на годините добил казна од шест месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Роналдо? Ништо посебно, немавме посебен план за да го запреме…“

Португалската репрезентација одигра само 1-1 против Конго во својот прв натпревар на Мунди…