Фудбалерите на Ливерпул во минатото коло од англиската Премиер лига ремизираа на свој терен против Лестер (1:1) и така пропуштија шанса целосно да го искористат киксот на Манчестер Сити.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвените“ пред своите навивачи освоија само еден бод против Лестер иако многумина очекуваа лесна победа. Проблем за двете екипи беше и снегот кој паѓаше таа вечер на „Енфилд“, а интересна тактика имаше домашниот тим.
Имено, англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп им наредил на редарите кои се грижат за теренот да го очистат само половина терен и тоа оној каде што ќе напаѓа неговата екипа. Јасно можеше да се види дека половината каде што напаѓаа гостите не е очистена, со што се предизвикаа многу коментари.
Дури дојде до тоа и ФА да го промени правилото по ова прашање и сега домашните тимови ќе имаат должност да го очистат целиот терен. Досегашното правило гласеше дека не мораат да го очистат теренот, но она што го направи Ливерпул не е против правилата иако е многу лош потег кон Лестер.
