Лионел Меси вечерва против Севиља после еден страшен пат заработи тешка повреда на раката.
Аргентинецот незгодно падна на десната рака и не можеше да издржи. Се обиде да продолжи, но болките беа забележителни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ваквата повреда на Меси и тоа како ги загрижува сите во Каталонија со оглед на тоа што Барселона ја очекуваат натпревари против Интер во Лигата на шампионите и Реал Мадрид.
omg Messi pic.twitter.com/C8E6U5bdXm
— Billy Liddell (@Liddellpool) October 20, 2018
Од Каталонија сега пристигнуваат и првите информации за карактерот на повредата.
Имено, Меси изгледа ги избегнал најлошите прогнози и не станува збор за скршеница, туку само за истегнување на тетивата во подлактицата. Првите проценки се дека на терен би можел да се врати во период од 7 до 10 дена, што остава надеж кај Каталонците дека би можел да биде спремен за „Ел Класико“ кое се игра наредниот викенд на 28-ми.
Messi's injury is on the rightside inner tendon on his right elbow.
The absence duration is unknown until the result of the images taken on the elbow return. Right now, it's said there is no tearing in the tendon. It just got expanded beyond normal. Expected return in 7-10 days. pic.twitter.com/c7iD8pxyM7
— Nãif (@NaifFCB_) October 20, 2018
Messi is out for the Inter Milan game, doubt for El Clasico. [as] pic.twitter.com/v0kWzOO3Fa
— Barça Universal (@BarcaUniversal) October 20, 2018