Дома Фудбал Репрезентации Фото: Погледнете како изгледа кампот на Србија на 52 дена до почетокот на Мундијалот

Фото: Погледнете како изгледа кампот на Србија на 52 дена до почетокот на Мундијалот

Редакцијата на „Спортска Централа“ го посети малото место покрај Балтичкото море, Светлогорск, каде што ќе биде сместена репрезентацијата на Србија на претстојниот Мундијал во Русија.

На 51 ден до почетокот на Мундијалот базата на „орлите“ се уште не комплетно спремна и од фотографиите може да се забележи дека тука има уште доста работа.
Тренинг центарот е далеку од функционален или попрецизно кажано далеку од завршната фаза. Иако рокот за завршување на работите беше до 31 март се уште не е завршено.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографиите кои можете да ги погледнете се направени во петокот и саботата.

Новинарите разговараа и со некои од градежните работиници кои со сигурност тврдеа дека се ќе биде завршено пред пристигнувањето на репрезентацијата.

 

Сепак, кога во прашање е квалитетот на тревникот може да се каже дека Србија имаше среќа во споредба со репрезентацијата на Тунис. Која ќе се припрема на навистина лош терен.

Повеќе фотографии можете можете да погледнете на сајтот на „Спортска Централа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Неверојатна ситуација: Голман суспендиран на 11 месеци затоа што му светеше со ласер на колегата 🎥

Во мексиканскиот фудбал видовме една неверојатна ситуација во која голманот од редовите на…