Дома Фудбал Останато ФОТО: Одличен потег на Интер на Твитер откако што се повреди Меси

ФОТО: Одличен потег на Интер на Твитер откако што се повреди Меси

Фудбалерите на Интер во среда ќе играат во гости против Барселона во рамките на третото коло во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Интер ги изненади сите во првите две кола против Тотенхем и ПСВ, бидејќи остварија две победи, но сега ги очекува најтешката задача и гостување во Барселона. Сепак, сигурно е дека гостите од Милано ќе имаат полесна задача со оглед на тоа што Меси нема да настапи на тој натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер ја повреди раката во дербито против Севиља и по 20 минути игра мораше да го напушти теренот. Барселона потврди дека Меси надвор од терените ќе биде три недели и речиси сигурно ќе ги пропушти двата натпревари против Интер. По објавата на Барса и Интер се огласи на Твитер со одлична порака за еден од најдобрите играчи во светот.

„Жал ни е поради твојата повреда и фактот дека нема да можеме да играме против тебе за неколку дена. Секогаш е чест да се игра против најдобрите“, напишаа од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…