Дома Фудбал Останато ФОТО: Ова е најскапиот тим по позиции во историјата на фудбалот

ФОТО: Ова е најскапиот тим по позиции во историјата на фудбалот

По последните фудбалски трансфери добивме неколку рекорди по позиции.

Како што се очекуваше, фудбалскиот пазар експлодира. Неверојатните пари што во Англија се вртат околку ТВ правата започнаа да диктираат некоја сосема друга фудбалска ера во која бројките се во заблуда. Катарските шеици од Париз возвраќаат со удар, па ниту откупната клаузула од Нејмар која е тешка 222 милиони евра не е проблем.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На социјалните мрежи вистински хит е буџетот за одбраната, па така Куба троши 700 милиони фунти, БиХ 180 милиони фунти, а фудбалскиот клуб Манчестер Сити има одбрана од 200 милиони фунти

Токму Сити го држи рекордот на три позиции во првите 11 во најскапиот тим на сите времиња доколку ги сметаме рекордите по позиции во 4-2-3-1. Погледнете ги сега бидејќи за неколку недели тимот би можел да изгледа сосема поинаку.

Голман: Џиџи Буфон (Парма – Јувентус 52 милиони евра)

Веќе 16 години никој не успеа да го сруши рекордот на неповторливиот Џиџи Буфон. Во 2001. година во Јувентус пристигна од Парма и со 40 години на грбот се уште врвно брани за „Старата дама“.

Десен бек: Кајл Вокер (Тотенхем – Манчестер Сити 57 милиони евра)

Кратко време беше најскапиот дефанзивец во историјата, бидејќи Пеп Гвардиола наскоро го донесе неговиот колега на спротивната страна, Менди. На „Островот“ работата е многу едноставна „Знаеме дека имате, а имаме и ние, па ако некој сакате, повелете скапо платете го“.


Стопер: Џон Стоунс (Евертон – Манчестер Сити 55.5 милиони евра)

Слично како и Вокер. Но, апсолутно никој надвор од Премиер лигата не би дал толку пари за овој играч. Но, кога сте во англиската лига, која е најбогата во светот, само небото е границата. Тој би требало да биде иднината на англиската одбрана, но се уште многумина вртат со главата кога ќе го видат во акција.

Стопер: Давид Луиз (Челзи – ПСЖ 49.5 милиони евра)

Кога Парижаните, односно Катарците го купија Бразилецот за речиси 50 милиони евра во 2014. година, тоа беше најголемиот трансфер за еден дефанзивец во историјата. Сите се држеа за глава, а овој во меѓувреме се врати во Челзи, со што се покажа како полн погодок.

Лев бек: Бенџамин Менди (Монако – Манчестер Сити 58.1 милион евра)

Најновото засилување на Сити, исто така и најскапиот дефанзивец на сите времиња. Леви бекови хронично недостасуваат во светот на фудбалот, а Менди да не го срушеше рекордот, можеби би бил некој друг бек како Дани Роуз. Кога во Монако слушнаа колку Сити даде за десен бек рекоа „може, но ако Вокер вреди толку, тогаш Менди вреди барем милион повеќе“. И го добија…

Дефанзивен играч за врска: Тимуе Бакајоко (Монако – Челзи 45 милиони евра)

Уште еден играч кој беше одличен минатата сезона. Челзи и добро помина, бидејќи Конте ќе добие бастион во средината со Канте кој би можел да биде и купување на сезоната.

Играч за врска: Пол Погба (Јувентус – Манчестер Јунајтед 105 милиони евра)

Французинот минатата сезона стана најскапиот фудбалер во историјата, но наскоро би можел престолот да го превземе Нејмар или Мбапе. Велат дека е преценет, бидејќи не е играч кој прави толкава разлика за да биде платен толку пари. Но, доколку почекаме некоја година, можеби Погба ќе не увери. Впрочем, што е денес 100 милиони евра, наскоро ќе треба да се навикнеме на овие суми на трансфери.

Десно крило: Герет Бејл (Тотенхем – Реал Мадрид 100 милиони евра)

Тој пред Погба беше најскап. Изгледаше дека Реал малку поигра, но кој по три освоени титули во ЛШ во последните четири години би можел да им каже дека Бејл е лошо купување и дека не може да игра со Роналдо.

Офанзивен играч за врска: Хамес Родригез (Монако – Реал Мадрид, 80 милиони евра)

Како што Сити има најскапа одбрана, Реал има најскап напад. Но, Флорентино Перез малку се заигра и потроши големи пари на – промашување! Да, купувањето на Хамес беше промашување кој, богатиот мадридски клуб можеше да си го дозволи. За милостина беше испратен на позајмица во Баерн, само да се ослободат од неговата плата.

Лево крило: Кристиано Роналдо (Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид, 94 милиони евра)

Најскапиот до Бејл и Погба. Со години се чинеше дека тој бере лични трофеи, додека Реал ја гледа Барселона како ги освојува титулите. Но, во Европа тоа конечно се наплати, во Шпанија малку помалку (две титули). Но Роналдо е Роналдо и го заслужи секое евро вложено во него.

Напаѓач: Гонзало Игуаин (Наполи – Јувентус, 90 милиони евра)

Долго Јувентус внимателно штедеше и потоа го одврза кесето и го донесе најскапиот напаѓач во историјата. Тоа беше логично, бидејќи за походот на ЛШ потребни се најдобрите. И речиси се исплатеше, Јуве потклекна во финалето. А токму во финалето Игуаин потфрли, како и во сите финалиња за Аргентина поради што Меси беше разочаран. Игуаин едноставно не е човек за финалиња.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…