Група навивачи на Ливерпул направиле инцидент на паркингот кој се наоѓал во непосредна близина на „Енфилд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, навивачите го скршиле автомобилот на најголемата ѕвезда на Црвените. Мета на нивниот напад било скапото Порше на Кутињо, каде што го скршиле стаклото. Британските медиуми ова го карактеризираат како одговор на неговата изјава дека би сакал да се пресели во Барселона.
Со оглед на тоа што Кутињо е најдобар фудбалер на Ливерпул, на навивачите на англискиот гигант не им се допаѓа идејата на Ливерпул да го продаде, како и желбата на самиот фудбалер.
Кутињо неодамна го продолжи договорот со Ливерпул до 2022 година, но не е тајна дека ова лето најверојатно ќе потпише за Барселона, која би можела да плати неверојатни 90 милиони евра за неговите услуги.
