Дома Фудбал Англија (Фото) Манчестер Јунајтед изгледа застрашувачки: Црвените ѓаволи се главни фаворити за титулата?

(Фото) Манчестер Јунајтед изгледа застрашувачки: Црвените ѓаволи се главни фаворити за титулата?

Жозе Мурињо ги доби сите играчи кои ги бараше во летниот трансфер период и сега е подготвен да покаже колку е добар тренер и колку е силен неговиот Манчестер Јунајтед.

По сите овие летни бомбастични трансфери, рушење на рекорди и доведување на голем број на играчи, сите најмногу зборуваат за ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Манчестер Јунајтед последните денови од трансфер периодот ги помина во мир и тишина, а многумина се шегуваат дека Мурињо со вино и цигара гледал како неговите најголеми ривали доживуаат порази на фудбалскиот пазар.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Томас Лемар го одби Арсенал, Алекс-Окслејд Чембрлен го одби Челзи, па потпиша за Ливерпул, Алексис Санчез не го реализираше својот трансфер во Манчестер Сити… Сета таа врева за доведување на играчи Мурињо ја направи непосредно по отворањето на трансфер периодот.

Доведени се стоперот Виктор Линделоф, напаѓачот Ромелу Лукаку, играчот за врска Немања Матиќ, додека во клубот по истекот на договорот се врати Златан Ибрахимовиќ.

Мурињо така на секоја позиција доведе по еден играч кој силно го сакаше. Играчи кои минатата сезона многу му недостасуваа, за неговата екипа да оствари подобри резултати. Со Матиќ доби цврстина и стабилност во средината на теренот, со Лукаку доби многу силен напад, а со Линделоф поголема сигурност во одбраната.

Иако и понатаму имаат некои повредени играчи на подолг временски период, Мурињо сега е во ситуација, така што на секоја позиција има по два квалитетни играчи. Кога сите ќе закрепнат и доколку португалскиот стратег навистина реализира уште неколку трансфери во јануари како што се пишува, Јунајтед би можел да изгледа застрашувачки.

 

Манчестер Јунајтед одлично ја отвори сезоната во Премиер лигата, и во прите три натпревари имаат исто толку победи со неверојатна гол разлика од 10:0. Манчестер Јунајтед сега е главен кандидат за освојување на титулата во Премиер лигата и по заминувањето на Фергусон, дури сега Манчестер Јунајтед го доби вистинскиот стар изглед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…