Преснел Кимпембе беше трагичниот играч во реванш натпреварот од осмина финалето во Лигата на Шампионите помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
ПСЖ по првиот натпревар имаше предност од 2:0 од „Олд Трафорд“, но на свој терен во реваншот загуби со 3:1. Манчестер Јунајтед победи со 3:1, а третиот гол го постигнаа во судиското продолжение од пенал. Пеналот го направи Кимпембе кој во својот казнет простор играше со рака, а по ВАР судијата покажа на белата точка. Маркус Рашфорд беше сигурен и погоди за сенцазија на Јунајтед во Париз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очигледно дека Кимпембе ја научи лекцијата, а тоа најдобро се гледаше на синоќешниот натпревар против Стразбур. По еден напад противничкиот играч шутираше, а Кимпембе овој пат рацете ги стави зад грбот. Се разбира, не требаше долго оваа фотографија да стане една од главните теми на фудбалските фанови на социјалните мрежи.
Kimpembe learnt his lesson ?? pic.twitter.com/6oee5eoE85
— Löwe (@AndreasRole) April 7, 2019