Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ова утро направија уште еден тренинг во својот тренинг центар во Карингтон.
Овој тренинг беше специфичен по тоа што пристигнаа и двајца изненадувачки гости. Станува збор за два поранешни фудбалери на овој клуб, Михаел Силвестре и Вив Андерсон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тие двајца имаат 303 настапи во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед, а на тренингот пристигнаа се разбира за да им дадат поддршка на сегашните играчи на овој клуб.
Силвестре е доста помлад од Андерсон, па ние се уште се сеќаваме на него, а освен за Манчестер Јунајтед во текот на кариерата играше и за Интер, Арсенал, Вердер…
Од другата страна, Вив Андерсон кариерата ја заврши на средината од 90. години од минатиот век, а освен Јунајтед меѓу останатите играше и за Арсенал и Нотинхем Форест.