Тревникот на натпреварот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд беше исклучително лош, во изјавата по натпреварот Марио Геце истакна дека подобар тревник има во својот дом.
Геце во еден момент дури и ги промени копачките поради лошиот терен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во првите 20 минути се чуствував како да сум на уметничко лизгање. Тревникот во мојот двор беше подобар“, луто истакна фудбалерот на Борусија.
Марио не беше единствениот кој се пожали на катастрофалниот терен. Критики испрати и стрелецот на единствниот погодок Марко Ројс кој го опиша моментот при постигнувањето на погодокот.
„Не ја зафатив добро топката, всушност сакав топката да иде во горниот лев агол. Голот навистина изгледа убаво, но јас не сакав да шутирам. Теренот беше лош и можеби токму тоа е причината. Сепак како и да е мило ми е што топката заврши во мрежата“, изјави Ројс.
„Тревникот беше ужасен“, коментираше тренерот на Борусија Дортмунд, Питер Стогер.