Белгискиот репрезентативец, Алекс Витсел одлучи да ја критикува ЕА Спортс поради својот изглед на новата ФИФА 19, бидејќи апсолутно не личи на себе.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд преку својот Твитер профил упати критики до ЕА Спортс, бидејќи јасно е дека не се потрудиле повеќе околу неговиот изглед на новата игра. Витсел веќе долго време е на фудбалската сцена и на многумина не им е јасно како можеле да допуштат да го направат ова.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Витсел на новото издание на популарната игра ја има својата претпознатлива фризура, но се другото нема никаква врска со Витсел. Но, наскоро по тоа некој му испратил фотографија со Конами играта ПЕС 19, на која изгледа неверојатно.
Иако ЕА Спортс ги доби речиси сите лиценци за ФИФА 19 во Конами не пронајдоја начин да ги надминат. Изгледот на играчот на ПЕС е неверојатен, а имаме доста примери за тоа. Сепак, Витсел е еден од доказите дека ПЕС се грижел за се.
@axelwitsel28 franchement Axel, tu ferais pas qqch la? C’est honteux de te laisser cette tronche la fi! #fifa19 #rouche4ever pic.twitter.com/RUBE0ZCHi9
— Chris ballack VDD (@BallackB37) October 16, 2018
PES ? pic.twitter.com/rMV9KBLb05
— Dikran Jamil (@DikranJamil3) October 19, 2018