Манчестер Јунајтед веќе ги започна припремите за новата сезона, а англискиот клуб се наоѓа на турнеа во САД.
„Црвените ѓаволи“ ќе поминат скоро две недели на припремите во Америка каде што ќе одиграат неколку припремни натпревари. Јунајтед вчера го одигра првиот натпревар во склоп на припремите и резмизираше против Клуб Америка (1:1).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачите на овој клуб на друштвените мрежи не сакаа премногу да го критикуваат својот клуб бидејќи знаат дека ова е само почеток, но една фотографија предизвика голем број коментари. Во еден момент од натпреварот, Манчестер Јунајтед како да немаше среден ред и тоа сигурно ги загрижи навивачите.
Многумина порачаа дека тоа би требало да биде загрижувачки иако е само прв натпревар во припремите за новата сезона.
The state I know it's pre-season and all but wtf is that pic.twitter.com/L1BScaby92
— Sam (@ILLESTVlLLAIN) July 20, 2018