Со денешниот тренинг кој беше од затворен тип и недостапен за јавноста и официјално стартуваше новата сезона во Ф1.
Барселона ја имаше честа да биде домаќинот на првите групни тестови на кои не се појавија сите, но беа најголем дел од возачите. На утринската прва трка најбрзо време постави Шарл Леклер од Ферари (1:20.165), така веднаш ги крена надежите на фановите. Зад него заврши Ландо Норис со 1:20.474, додека во една секунда беше и Џорџ Расел на дебито во Мерцедес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зад нив се пласираа: Себастијан Фетел, Јуки Тсунода, Макс Верстапен, Фернандо Алонсо, Латифи, Мазепин и Кубица.
Треба да се спомене дека овие времиња се неофицијални и нема да бидат запишани. На овие трки тимовите само ги тестираат болидите во пресрет на официјалниот тест и првата трка во март.
Things you only see at testing 🤓#F1 pic.twitter.com/0g5VAL8Syz
— Formula 1 (@F1) February 23, 2022