Дома Актуелно ФИФА не се откажува од идејата за СП на две години: Навивачите не поддржуваат!

ФИФА не се откажува од идејата за СП на две години: Навивачите не поддржуваат!

ФИФА во четвртокот откако спроведе анкета објави дека навивачите ја поддржуваат идејата за организирање на Светско првенство на секои две години.

Предлогот во јавноста го изнесе Арсен Венгер кој е шеф за глобален фудбалски развој на ФИФА. Меѓутоа најголем дел од организациите се противеа на оваа идеја.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега од ФИФА објавија дека во нивната анкета во која учествувале 23.000 испитаници од 23 земји 15.000 гласале „за“. Поради тоа тие тврдат дека навивачите сакаат да видат СП на две години.

Од друга страна претходно претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се закани со европски бојкот на Светското првенство ако плановите за одржување на две години продолжат.

Јужноамериканска конфедерација КОНМЕБОЛ исто така се спротистави на идејата на ФИФА. Против е синдикатот на фудбалери ФИФПро кој изрази загриженост за оптеретеноста на фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вознемирувачко видео: 17-годишен фудбалер почина од срцев удар 🎥

Младиот алжирски фудбалер Васим Ел-Газар почина како последица од срцев удар за време на ф…