Дома Трансфер зона Фиорентина: Нема понуда од Јувентус, но Влаховиќ мора да ни каже какви му се плановите

Фиорентина: Нема понуда од Јувентус, но Влаховиќ мора да ни каже какви му се плановите

Утрово „Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус испратил понуда до Фиорентина за Душан Влаховиќ од 35 милиони евра, плус услугите на Дејан Кулушевски.

Меѓутоа веднаш по таа информација се огласи директорот на „виолетовите“, Џо Бартоне.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не сме добиле понуда од Јувентус за Влаховиќ. Не знаеме какви се неговите намери, но порано или подоцна ќе мора да ни каже.

Контакт имало со неколку клубови од Англија.

„Клубови од Англија остварија контакт, но нема никаков договор. Отворени сме за преговори. Им кажав на агентите на Влаховиќ да бидат јасни и да ни пренесат какви се нивните намери, но тие молчат. Во вакви околности не може да се договори трансфер“, изјави Бартоне.

Фиорентина за услугите на Влаховиќ наводно бара сума од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…