Дома Трансфер зона Фиорентина во финишот од преодниот рок добива одлично засилување од Милан?

Фиорентина во финишот од преодниот рок добива одлично засилување од Милан?

Трансфер периодот за Фиорентина не е завршен, „Виолетовите“ за самиот финиш спремаат големо засилување, кои сакаат да го доведат од Милан.

„Газета дело Спорт“ денеска открива дека клубот од Фиренца сака да го доведе офанзивниот играч за врска на „Росонерите“, Шпанецот Сусо, кој во својот договор со Милан има откупна клаузула во износ од 40 милиони евра. Меѓутоа, Фиорентина според нивните сознанија не е спремна за Сусо да го издвои тој износ, туку ќе се обиде со Милан да постигне договор за нешто пониска откупна цена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно, договорот би можел да биде постигнат за сума од 32 милиони, а следната недела ќе се покаже дали Фиорентина ќе успее во својата немера. Проблем во реализацијата на оваа работа би можеле да им направат француските прволигаши, бидејќи за Сусо интерес покажаа и Марсеј и Лион.

Сусо синоќа настапи за екипата на Милан во пријателскиот натпревар во Приштина против Фероникелија. Милан го доби тој натпревар со 2:0, а Сусо беше стрелец на првиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…