Дома Македонски спорт Финска не беше достоен противник, победа со плус 9 на стартот од квалификациите!

Финска не беше достоен противник, победа со плус 9 на стартот од квалификациите!

Денес ракометната репрезентацијата на Македонија ја пбеди Финска со 33:24 на стартот од квалификациите за Европското првенство.

На почетокот на мечот видовме игра гол за гол о така беше се до водството на Финска од 4:5. Од тогаш Македонија започна да игра подобро и со една серија од 6:0 стигнавме до 10:5. Финците дури тогаш го постигнаа првиот гол по пауза од неколку минути за 10:6 во 22. минута од мечот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Финците во одбраната играа грубо па до таа 22. минута веќе изведовме 6 „седмерци“. На шест минути до крајот добивме уште еден пенал кој го реализираше Лазаров. Тогаш стратегот на Финска го повика првиот тајм-аут (12:6).

Тајм аутот не им помогна многу, па ние во последните две минути влеговме со предност од 14:8. Лазаров и понатаму беше енигма за гостинската одбрана. На полувреме заминавме со 16:10.

На стартот од вториот дел ние поведовме и со 17:10. Финците никако не успеваа да ни се доближат, а највисоката наша предност беше плус 8. (24:16). Тогаш дојде до едно опуштање во наштие редови, а шанса добија и оние кои не играат многу. Од нив се истакна Дарко Георгиевски кој набрзина постигна два гола, а во финишот додаде и уште еден со одличен шут од девет метри.

Во последните 10 минути Брестовац на голот му даде шанса и на Мартин Томовски. Во 53. минута одново ние дојдовме на највисоките +8 (29:21). Томовски добро ја искористи дадената шанса и во тие 10 минути собра пет интервенции. Митревски натпреварот го заврши со девет одбрани. Најефикасни кај нас беа Лазаров со 11 голови и Кузмановски со 6 гола.

На крајот ја победивме Финска со девет голови разлика 33:24.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…