Дома Македонски спорт Мак фудбал Полувреме: Македонија пред скоро празна Арена губи од Финска

Полувреме: Македонија пред скоро празна Арена губи од Финска

Maкедонската фудбалска репрезентација денес го игра пријателскиот натпревар против Финска, а после 45 минути резултатот е 0:1.

Ако навикнавме репрезентацијата секогаш да има сериозна поддршка од трибините во последните години (со исклучок на периодот во короната) денес имаше мал број гледачи, веројатно не повеќе од 1000.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот започна со мирна игра, без шанси, се играше на средината на теренот, а првата поголема прилика ја имаше нашата репрезентација во 15. минута од натпреварот. Финска набрзо се закани со глава и тоа воедно беа и најголемите прилики да видиме погодок во првиот половина час.

Без некоја посебна игра Финска успеа да стигне до водство после една наша грешка на средината на теренот. Контрата знаеше да ја искористи Оливер Атман кој излезе сам пред Столе Димитревски и успеа да погоди.

Веднаш по голот на Финска, ние се заканивме преку Илија Несторовски, но финскиот голман Јоронен беше на висина на задачата. Несторовски се закани и во самиот финиш од првиот дел, меѓутоа повторно противничкиот голман беше поуспешен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…