Дома Фудбал Англија Финалето на ФА Купот може да се одложи за 5 месеци

Финалето на ФА Купот може да се одложи за 5 месеци

Финалниот натпревар за ФА Купот би можел да биде презакажан за октомври, пренесуваат медиумите на Островот.

Мечот на „Вембли“ првично беше закажан за 23 мај, но поради кризата со коронавирус, тој готово сигурно нема да се одигра на тој датум.

Натпреварувањето во моментов е прекинато во четвртфиналната фаза. Вчера Фудбалската асоцијација на Англија одлучи да ги откаже сезоните во сите аматерски првенства под петтото ниво во локалната хиерархија.

Исто така беа избришани и сите досегашни резултати во женскиот фудбал, со исклучок на оние во првите две дивизии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити ќе биде исфрлен во петтата лига?

Манчестер сити може да се соочи со уште потешки последици од исфрлањето од Премиер лигата,…