Дома Фудбал Италија Фабрицио Романо: Готово, Џеко и Милик на лекарски прегледи

Фабрицио Романо: Готово, Џеко и Милик на лекарски прегледи

Италијанските медиуми вечерва објавија дека сагата околу Џеко и Милик е конечно завршена.

Милик денеска се согласил на трансфер во Рома. Полскиот фудбалер првата сезона ќе ја помине на позајмица, а Волчицата следното лето ќе го откупи неговиот договор.

Од друга страна, Џеко се договорил со Јувентус и само чека зелено светло за потпис на договорот. Угледниот новинар Фабрицио Романо објави дека сагата е конечно завршена, односно дека Наполи, Рома и Јувентус постигнале договор.

Романо пишува дека наскоро ќе бидат закажани и лекарските прегледи.

Со тоа станува јасно дека од трансфер на Суарез во Јувентус нема да има ништо, односно дека Пирло и дефинитивно се одлучил за Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палестинец направи сензација во УФЦ каква што не се памети: Шампионот брутално го успа за 12 секунди! (Видео)

Една од најголемите сензации во историјата на УФЦ-овата тешка категорија се случи на прире…