Дома Трансфер зона Уште еден Винисиус доаѓа во Реал Мадрид

Уште еден Винисиус доаѓа во Реал Мадрид

Војната во Украина му овозможни на Реал Мадрид да доведе бразилски дефанзивец, открива „Марка“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кралскиот“ клуб постигна договор со Шахтјор за 18-годишниот денен бек Винисиус Тобиас. Бразилецот доаѓа под наем за две години со опција за откуп за 18 милиони евра.

Се очекува трансферот да биде официјализиран откако ограчот ќе ги мине лекарските прегледи во Шпанија.

Шахтјор го купи Винисиус во јануари од Интернационал за 6 милиони евра, но тој не успеа ни да дебитира за украинскиот клуб. Војната во Украина започна на 24 февруари и странските фудбалери ја напуштија земјата.

УЕФА и ФИФА дозволија трансфери на фудбалери од украинското првенство, па Реал ја искористи таквата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…