Флојд Мејведер пред осум дена славеше над Конор Мекгрегор со технички нокаут во 10. рунда.
Битката која на обајцата им донесе по стотици милиони долари можеше да се заврши со тешки последици по Мекгрегор. Иако ММА борецот се држеше добро до 10. рунда, фактот дека не е боксер го натера судијата да го прекине мечот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот боксерски лекар, Дараг О’Керол смета дека оваа одлука на судијата спречила тешки повреди на мозокот на ирскиот борец.
„Одлуката на судијата и тоа како е добра. Тој воочи дека Мекгрегот би можел да има повреди на мозокот по што го прекина мечот. Знаците на трауматска повреда беа видливи. Атаксија, вртоглавица и губење на балансот го докажаа тоа. Заморот може да предизвика бавни потези, ни никако и лоша координација како што е видена кај Мекгрегор. Тоа е резултат на повредата на мозокот, а не на уморот. Да му се дозволи да се бори и натаму би било многу неодговорно“, истакна О’Керол.
Мекгрегор по мечот тврдеше дека судијата прерано го прекинал мечот, но на крајот може да биде среќен што мина без посериозни повреди.
Сепак, во ринг ќе може дури после два месеци, бидејќи Атлетската комисија го суспендираше поради повреди заработени на овој меч.