Трансфер пазарот влегува во самата завршница, а тука секогаш е најинтересно – БИДЕТЕ ВО ТЕК со се што се случува.
– Според информациите на шпанските медиуми, Реал Мадрид со сигурност следното лето ќе го напуштат: Кејлор Навас, Марсело, Лукас Васкез, Ваљехо, Себаљос и Модриќ. (ОВДЕ)
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– МОЖЕН ПРЕСВРТ: Рабио на крајот би можел да заврши во Ливерпул! (ОВДЕ)
– ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ утрово го комплетираше трансферот на Пардес! (ОВДЕ)
– Хуан Мата и Ешли Јанг одбиле да го продолжат договорот со Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите на Островот. (ОВДЕ)
– Реномираниот Џанлука Ди Марцио тврди дека до крајот на преодниот рок, Домагој Вида може да се прели во Рома.
#Calciomercato #Roma, trattativa in corso per #Vida. Il difensore proposto anche all’ #Inter. Le ultime ? https://t.co/24t0Y0CHVz
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 28, 2019
– Каталонски „Спорт“ пишува дека Челзи на лето ќе се обиде да го доведе Иван Ракитиќ од Барселона. Барселона со трансферот на Френки Де Јонг започна да го подмладува тимот, а Хрватот би можел да добие дозвола да си замине за 90 милиони евра. (ОВДЕ)
? [SPORT] | Chelsea After Rakitic
? The English club is interested in signing him in June if Barça agrees to negotiate his departure
? The footballer reiterated his desire to continue: "I would like to renew and stay for many years" pic.twitter.com/z6cIr6xYAN
— BarçaTimes (@BarcaTimes) January 29, 2019
– БОГАТА ПОНУДА ЗА ПАНДЕВ: Низ италијанските медиуми се појави вест тимот каде што замина Бенатија од Јувентус, катарскиот Ал-Духаил понудил четири милиони евра по сезона за двегодишен договор на Горан Пандев. (ОВДЕ)
– Според последните информации од „Чизмата“, Весино и Кандрева од Интер побарале трансфер. (ОВДЕ)
– БЛИСКУ ДО ДОГОВОР: Денис Суарез се сели во Арсенал. Суарез утре би требало да пристигне на прегледи во Лондон. Очекувањата се Арсенал да плати 2.5 милиони евра за позајмица до лето, а потоа да го откупат неговиот договор за сума од 20 милиони евра. (ОВДЕ)
– Дани Олмо од Динамо Загреб веќе подолго време се поврзува со Барселона, а според последните информации во игра за неговиот потпис сега се вклучил и Реал Мадрид. (ОВДЕ)
– Aрјен Робен би можел да заврши во Јапонија! Тимот на ФК Токио наводно е фаворит за неговиот потпис! (ОВДЕ)
– Низ италијанските медиуми и денес може да се причита дека Марек Хамшик преговара со кинески Гвангажу.
– Официјално: Марко Рог го комплетираше трансферот во Севиља.
– Француски Монако по враќањето на Жардим на клупата покажува интерес за бразилскиот стопер Миранда кој не е задоволен од својот статус во Интер.
– Поради трагедијата со Емилијано Сала, Кардиф до крајот на преодниот рок изгледа ќе доведува нов напаѓач Засега фаворит наводно е Патрик Шик од Рома. (ОВДЕ)
– АЛВАРО МОРАТА ДЕНЕС БЕШЕ ПРОМОВИРАН КАКО НОВ ФУДБАЛЕР НА АТЛЕТИКО. Oткриен е уште еден детал, шпанскиот напаѓач за да игра во Атлетико се откажал од три милиони евра. (ОВДЕ)
– Винисус Жуниор јавно го покани Нејмар во Реал Мадрид (ОВДЕ)
– Oд денес и официјално, Мартин Касерес по трет пат во дресот на Јувентус. (OВДЕ)
⚪⚫ UFFICIALE | Martín Cáceres ritorna bianconero ➡ https://t.co/K8fqYHodQU#WelcomeBackMartín pic.twitter.com/2p2zcesCg3
— JuventusFC (@juventusfc) January 29, 2019
– Маруан Фелаини на крајот би можел да заврши во Кина! (ОВДЕ)
– Костас Митроглу во наредните часови би можел да го договори трансферот во Галтасарај. Во овие моменти се водат преговори помеѓу Марсеј и турскиот клуб. Марсеј сака целосно да го продаде, додека Турците сакаат позајмица.
– Нови информации за потенцијалниот трансфер на Маруан Фелаини. Белгиецот е многу блиску до трансфер во кинескиот Шандонг, дел од медиумите на Островот оваа работа ја означија и како завршена.
– Каљари успеа да постигне заеднички јазик со Рома за позајмица на Лука Пелегрини, наскоро се би требало да биде завршено.
– Италијански „Скај“ пренесува дека Сампдорија наскоро ќе го купи 22 годишниот чувар на мрежата Емил Аудеро од Јувентус, а цената изнесува дури 20 милиони евра! со што овој голман би станал петти најскап во историјата. Навистина зачудувачки податок. (OВДЕ)