Холандските медиуми беа убедени дека кога Робен ќе го напушти Баерн ќе заврши во Гронинген.
Меѓутоа сега се појави нова опција – ФК Токио Арјен Робен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Спорт Нипон“ пишува дека има шанси Робен на лето да пристигне во Јапонија пред се најмногу поради тоа што неговото семејство е расположено за престој во оваа земја. Робен има три деца и сигурно дека семејство му е најважно.
Од Токио не сакаа ниту да демантираат, ниту да потврдат, само порачаа дека собираат информации.
Робен е свесен дека годините го стигнуваат и во последната изјава порача дека можеби ова е негова последна сезона.
„Можеби ќе престанам да игра. Ќе морам да почекам да видам какви се можностите. Ако се појави нешто убаво ќе играм и понатаму. Ако нема идеални понуди тогаш, тоа е тоа. Имам три деца и тие мораат да бидат среќни. Семејството ќе одигра важна улога во мојата одлука, каква и да е истата“, изјави Робен.
Сепак, така зборуваа Андрес Иниеста, па на крајот не го одбија Висел Кобе, додека Фернандо Торес го избра Сеган Тосу.