Англиските медиуми пренесуваат дека кинески клуб испратил богата понуда за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.
Фелаини не е во плановите на новиот тренер, Солскјер, а сега „црвените ѓаволи“ ќе можат и добро да заработат до неговата продажба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед преговара со кинески клуб, кој доставил богата понуда до фудбалерот.
Медиумите на Островот се оптимисти дека трансферот би можел да се реализира во следните денови.
Фелаини пристигна на „Олд Трафорд“ во 2013 година и има одиграно 177 натпревари и 22 гола за „црвените ѓаволи“.
Marouane Fellaini has opened talks over a multi-million pound move from Manchester United to an unnamed Chinese club. (Source: Mail) pic.twitter.com/Yvs8Zr6cor
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 29, 2019