Дома Фудбал Официјално: Мартин Касерес по трет пат во Јувентус

Официјално: Мартин Касерес по трет пат во Јувентус

Јувентус денес и официјално објави дека дефанзивецот Мартин Касерес се врати во Јувентус.

Ова е веќе трет пат како Уругваецот пристигнува во редовите на „старата дама“ од Торино и тоа откако прво беше на позајмица во Севиља, па Јувентус го купи, сега одново доаѓа како позајмен фудбалер овој пат од Лацио.

Касерес доаѓа за до крајот на тековната сезона да го замени Мехди Бенатија која го напушти клубот, Лацио доби оштета од 600.000 евра.

Иначе, Лацио оваа сезона не сметаше на Касерес кој не успеа да запише ниту еден настап во Серија А, а освен Јувентус се поврзуваше со Болоња, Парма и некои клубови од Јапонија.

Овој 31 годишен фудбалер во Јувентус би требало да се задржи до крајот на тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед во криза каква што не памети 39 години: Карик не прифаќа дека се збогувал

По домашните 0:3 против Борнмут, иднината на Мајкл Карик е под прашалник. Тренерот тврди д…