Името и презимето на голманот Еимл Аудеро веројатно им е познато само на страствените љубители на Серија А и навивачите на Јувентус. Меѓутоа за него наскоро ќе слушне цела Европа бидејќи Сампдорија барем на некое време ќе го направи петти најскап голман на сите времиња!
Италијанскиот „Скај“ оваа вечер објави информација дека Сампдорија ги договара завршните детали за трансфер на еден од најпреспективните голмани во Серија А и тоа по цена од 20 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Целата операција е малку комплицирана. Аудеро во Сампдорија пристигна изминатото лето како позајмен играч со опција за откуп од 14 милиони евра. Причината зошто Сампдорија сака да плати 20 милиони евра лежи во тоа што во претходниот договор постои опција според која „бјанконерите“ во иднина можат да го вратат за таа сума (20 милиони евра). Сампдорија би ја платила таа клазула и истата би била избришана.
Останува да видиме што ќе се случува, но според Италијанците наскоро ќе добиеме официјална потврда.