Дома Фудбал Мората за да игра во Атлетико се откажал од три милиони евра

Мората за да игра во Атлетико се откажал од три милиони евра

Вчера после преговори кои се водеа неколку дена конечно беше комплетиран трансферот на Алваро Мората во редовите на Атлетико Мадрид.

Денес Мората беше претставен пред медиумите, а при тоа откриен е и уште еден интересен детал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, Мората во Челзи заработуваше девет милиони евра годишно, додека во Атлетико за позајмица од 18 месеци ќе инкасира 10.5 милиони евра. Значи, се откажа од три милиони евра.

Ова е само уште еден доказ за големата желба на Мората да се врати во Мадрид каде што го носеше дресот на Реал.

Иначе, Мората своите први фудбалски чекори ги направи токму во Атлетико, за што сведочи и фотографијата која тој утрово ја објави на неговиот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл му одговори на Баерн: Ова е цената која треба да ја платите за Гордон!

Во последно време сè почесто се зборува дека Антони Гордон е на радарот на Баерн Минхен. О…