Дома Трансфер зона Постигнат договор: Суарез на чекор од Арсенал!

Постигнат договор: Суарез на чекор од Арсенал!

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Денис Саурез е на чекор од трансфер во Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните преговори помеѓу двата клуба биле исклучително позитивни и „топџиите“ наскоро ќе го комплетираат трансферот. Тие го сакаат Суарез на позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер на лето.

Од „Камп Ноу“ најпрво не сакаа да го пуштат играчот за врска на позајмица, но Суарез инсистира да ја промени средината во овој преоден рок.

Арсенал и дал гаранции на Барселона дека на лето ќе го откупи неговиот договор за 20 милиони евра, па двата клуба постигнале договор за трансферот.

„Топџиите“ за позајмицата ќе платат 2,5 милиони евра, а се очекува утре Суарез да пристигне на прегледи во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…