Дома Топ вести Трансфери во живо: Перез чека понуди за Роналдо, Санчез чека на Микхтаријан, Волкот има нов клуб…

Трансфери во живо: Перез чека понуди за Роналдо, Санчез чека на Микхтаријан, Волкот има нов клуб…

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

– Вистинска драма се случува околу иднината на Алексис Санчез, како според некои медиуми Чилеанецот добил нова и подобра понуда од онаа на Јунајтед и тоа од тимот на Челзи. (ОВДЕ)


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


– Како што пренесуваат бројните англиски медиуми Санчез најверојатно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, иако во трката се вклучи и Челзи, па Гвардиола сега своето внимание ќе го насочи кон Антоан Гризман. (OВДЕ)

Алексис Санчез и денес е главна тема, па поради тоа за оваа ситуација зборуваше и Жозе Мурињо. (ОВДЕ)

Хенрик Микхатријан прифатил да премине во редовите на Арсенал, со овој потег на Ерменецот изгледа дека и трансферот на Санчез во Јунајтед е се поблиску.

– Како што пренесува „Билд“, Пјер Емерик Обамејанг доставил барање до Борусија Дортмунд за трансфер, негова наредна дестинација се очекува да биде тимот на Арсенал.

– Според англиските медиуми, Симон Мињоле размислува да го напушти Ливерпул поради тоа што не беше во составот за натпреварот против Манчестер Сити, како причина се наведува Мундијалот во Русија идното лето.

Минор Раиола смета дека Манчестер Јунајтед ќе го доведе Санчез само доколку Микхатијан премине во редовите на Арсенал.

– ОФИЦИЈАЛНО: Лисандро Лопез успешно ги мина лекарските прегледи, а потоа и беше претставен како нов играч на Интер. (ОВДЕ)

– Обамејанг преку Инстаграм изгледа дека само ја потврди неговата желба да се пресели во редовите на Арсенал (ОВДЕ)

– Според англиските медиуми, Тео Волкот се очекува денес да пристигне на прегледи во Евертон, а трансферот се очекува да изнесува 25 милиони евра.

– И покрај големите најави за трансфер на Бразилецот Малком во Арсенал, претседателот на Бордо изјави дека клубот не преговарал со Арсенал.

– Како што потврди помошник тренерот на Вест Хем, нема да го пушти Енди Керол во редовите на Челзи. (ОВДЕ)

– Менаџерот на Челзи Антонио Конте потврди дека неговиот клуб нема да го доведе Алексис Санчез оваа зима. (ОВДЕ)

– Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е спремен да ги разгледа пондите кои ќе пристигнат за најголемата ѕвезда во тимот, Кристиано Роналдо, пренесува португалскиот весник „Рекорд“. (ОВДЕ)

– Комунистичката партија на Кина го блокираше трансферот на Раџа Наинголан во редовите на Гвангжу кој требаше да изнесува 50 милиони евра. (ОВДЕ)

– Дефанзивецот на Лацио, Стефан де Вриј стави потпис на нов договор со клубот, потврдија италијанските медиуми. (ОВДЕ)

– Неименуван кинески клуб е спремен на Бешикташ да му понуди 15 милиони евра за Рикардо Кварезма, но и на Португалецот да му понуди плата од седум милиони евра по сезона. (ОВДЕ)

Пјер Емерик Обамејанг се фотографираше со фанови на Арсенал.

– Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, Реал Мадрид во текот на летото за сума од 110 милиони евра ќе се обиде да го доведе Мауро Икарди. (ОВДЕ)

– Како што тврди „Мирор“, Обамејанг ги договорил личните услови со тимот на Арсенал

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…