Дома Фудбал Англија Мурињо: Спокоен сум околу трансферот на Санчез

Мурињо: Спокоен сум околу трансферот на Санчез

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека е спокоен околу евентуалниот трансфер на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“.

„Специјалниот“ потенцираше дека не е убеден, но иста така не е неубеден дека трансферот ќе се реализира.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последните денови медиумите тврдат дека другиот конкурент, Манчестер Сити се откажал од Чилеанецот, па „црвените ѓаволи“ се фаворити за потписот.

„Не сум убеден, но исто така не сум и неубеден за трансферот на Санчез. Едноставно сум спокоен. Тој се уште е играч на Арсенал и може да остане таму, но јас имам чувство дека ќе замине, а тоа ни дава огромна можност. Можеби и други големи клубови се интересираат за него. Кој знае“, изјави Мурињо.

Мурињо потоа ги коментираше шпекулациите за евентуален трансфер на Хенрих Михтарјан.

„Тој е квалитетен фудбалер, кој многу ми се допаѓа. Но, морам да потврдам дека има големи шанси да не напушти. Исто така можно е и да остане. Јас се обидувам да го заштитам без разлика каква ќе биде неговата иднина. Сепак, пазарот е отворен“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …