Кинезите спремни да понудат огромна сума за фудбалерот на Бешикташ, Рикардо Кварезма.
Бешикташ понинува низ фантастичен период. Ја поминаа групата во Лигата на шампионите, а финансиските веројатно никогаш не биле подобри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ситуацијата дополнително би можела да им се подобри со евентуалниот трансфер на Португалецот, Рикардо Кварезма за кого интерес покажаа Кинезите.
Како што се наведува, неименуван кинески клуб е спремен да понуди 15 милиони евра што секако е одлична понуда за фудбалер кој има 34 години, покрај тоа се додава и дека би можеле да му обезбедат плата од седум милиони евра по сезона.
Да потсетиме, Бешикташ овој јануари веќе го продаде Ценк Тосун (Евертон плати 22 милиони евра), Марсело претходно замина за седум милиони евра во Лион, кога тука би се додале и некои помали трансфери доаѓаме до сума од 32.9 милиони евра.
Доколку трансферот на Кварезма би се реализирал, трускиот клуб би стигнал до заработка од скоро 50 милиони евра.