Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт со последната изјава крена „прашина“!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт со последната изјава крена „прашина“!

Како и секој ден и денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот ширум светот!

-Веста на денот доаѓа од Италија. Медиумите најавуваат сензационално враќање на Џанлуиџи Буфон во Јувентус (повеќе ОВДЕ).


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Давид Силва најави заминување од Манчестер Сити на крајот на сезоната после десет години на „Етихад“ (ОВДЕ).

-Потврдено: Тотенхем постигна договор со Лион за играчот за врска Танги Ндомбеле и го собори клупскиот трансфер рекорд (ОВДЕ).

-Милан испрати првична понуда до Арсенал за Лукас Тореира. „Росонерите“ понудија 7 милиони евра за позајмица и 30 милиони за задолжителен откуп следното лето.

-ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Барселона испрати понуда од Манчестер Јунајтед за дефанзивецот Виктор Линделоф, но „црвените ѓаволи“ експресно ја одбија.

-Јувентус работи на трансферот на Матијас де Лихт. Последните информации говорат дека „бјанконерите“ се спремни да му го понудат на Ајакс младиот напаѓач Моис Кин (ОВДЕ).

-БОМБА: Ливерпул тргнува по бившиот играч на Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).

-Левиот бек на Реал Мадрид Тео Хернандез се договори со Милан. „Росонерите“ сакаат да го донесат на едногодишна позајмица со право на откуп за 20 милиони евра.

– Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ја продолжуваат битката за потписот на Хари Мекгваер и се спремни да му платат 73 милиони евра на Лестер (ОВДЕ).

– Манчестер Јунајтед ја пронајде замената за Ромелу Лукаку. „Црвените ѓаволи“ се спремни да ја активираат откупната клаузула за напаѓачот на Севиља, Висам Бен Једер. (ОВДЕ).

-„Марка“ најавува дека Реал ќе тргне по Дони ван де Бек од Ајакс доколку не успее да го ангажира Пол Погба.

-„Бомба“: Нејмар му даде ултиматум на ПСЖ да се реши неговиот трансфер до почетокот на подготовките, во спротивно се закани со штрајк (ОВДЕ).

-Манчестер Јунајтед конечно постигна договор со Кристал Палас за трансфер на Арон Ван-Бисака. „Црвените ѓаволи“ ќе платат 50 милиони фунти, играчот се очекува наредните денови да пристигне на лекарски прегледи.

-„Бомба“: Баерн Минхен имал состанок со ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле и сака да го донесе Французинот во своите редови (ОВДЕ).

Жозе Мурињо и официјално ја отфрли можноста да седне на кормилото на Њукасл (ОВДЕ).

-Интер работи на трансферот на Лазаро од Херта, Неговиот агент денес пристигна на завршни преговори во Милано.

-Француските медиуми тврдат дека Единсон Кавани ќе остане во ПСЖ до истекот на договорот и следното лето ќе замине без обештетување.

-Милан и Валенсија започнаа преговори за трансфер на Саму Кастиљехо. „Росонерите“ за потписот на Шпанецот бараат 18 милиони евра.

– Нови информации за можното враќање на Буфон во Јувентус. Откако неговиот агент порача дека навистина постои такви опција медиумите откриваат дека Џиџи во Торино за договор на една година ќе добие четири милиони евра.

– Покрај Буфон медиумите во Италија кога е Јувентус во прашање денес пишуваат и за Гонзало Игуаин. „Старата дама“ сака да се ослободи од аргентинскиот напаѓач, но засега понуди за него нема.

– Oфицијално: Брајтон плати 20 милиони евра за фудбалерот кој доаѓа од Генк, Леонард Тросард.

– Во „Мундо Депортиво“ денес се појави вест за нашиот Елиф Елмас. Според нивните информации Атлетико Мадрид се откажал од обидите да го доведе Елмас.

– Се огласи Тони Крос со интересна изјава: „Баерн погреши кога ме продаде во Реал“.

Федерико Киеза сака само во Јувентус! (ОВДЕ)

– Детали за трансферот кој се најави вчера! Пабло Сарабија ќе потпише договор со Пари Сен Жермен на 1-ви јули!

– Изненадување: Хуан Квардардо претходно се поврзуваше со заминување од Јувентус, но сега новинарот Ромео Агрести кој важи за добро упатен со случувањата во Јувентус најавува дека тој ќе го продолжи договорот до 2021 година.

„Франс Фудбал“ најавува дека ако Лукаку се пресели во Интер, Јунајтед на негово место ќе се обиде да го доведе Бен Једер.

– Mанчестер го чека засилувањето од 50 милиони фунти! „Скај Спорт“ пренесува дека Бисака со приватен авион се упатил кон Манчестер на лекарски прегледи!

– Нова вест од Ромео Агрести. Јувентус е се поблиску до Адриен Рабио.

– Лотито ја одбил понудата од ПСЖ во која покрај парите го вклучиле и Леонардо Пардес. Газдата на Лацио сака само чисти 80 милиони евра.

Meдиумите во Италија пишуваат за можна размена помеѓу Бенфика и Наполи (ОВДЕ)

– Галатасарај, Рома и Монако покажале интерес интерес за играчот на Фулам, Жан Мишел Сери.

– ДОГОВОРЕНО: Костас Манолас се сели во Наполи! Рома ја прифатила понудата во која Наполи го вклучил Диавара (ОВДЕ)

– ДАЛИ ДЕ ЛИХТ ГО ПОТВРДИ ТРАНСФЕРОТ ВО ЈУВЕНТУС!? Медиумите тврдат дека младиот стопер со последната изјава најави каде ќе ја продолжи кариерата: „Се се одвива некако пребрзо. Во текот на сезоната со клубот игравме во неколку натпреварувања и немав време да размислам за се. Сега кога бев со пријателите од детството на вечера зборувавме за многу работи. На крајот донесовме заклучок дека секогаш сум сакал да бидам како Кристиано Роналдо кога како деца игравме фудбал. Го обожавав додека беше уште во Манчестер. Мојот прв дрес беше од Роналдо“, изјави Де Лихт.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…