Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо го сака Бејл, Ериксен утре на прегледи, Емре Чан во Дортмунд

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо го сака Бејл, Ериксен утре на прегледи, Емре Чан во Дортмунд

Зимскиот трансфер пазар влезе во завршна фаза, нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфер информации.

-Трансферот на Кристиан Ериксен во Интер е во завршна фаза. Директорот на „нероаѕурите“ Бепе Марота потврди дека зделката би требало да биде комплетирана во текот на утрешниот ден.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Мурињо започна преговори со Реал Мадрид и сака да го врати Герет Бејл во Тотенхем.(тука)

-Анчелоти добива засилување од Интер. Евертон е во напредни преговори за трансфер на Весино за 20 милиони евра. (тука)

-БОМБА: Барселона понудила 80 милиони евра за напаѓачот на Монако, Бен Једер, но истата била експресно одбиена. (тука).

-Ливерпул се вклучи во траката за „вундеркиндот“ на Бенфика, Рафаел Брито. За младиот играч заинтересирани се уште Реал Мадрид и Барселона.

-Милан и Бенфика започнаа преговори за трансфер на младиот играч за врска Флорентино Луис. (тука)

-Трансферот на Емре Чан во Борусија Дортмунд е само прашање на време. „Милионерите“ имаат договор со играчот и ги договараат последните детали со Јувентус.

-Милан и ПСЖ спремаат голема трампа така што Пакета ќе заврши во Париз, а „росонерите“ ќе можат да бираат помеѓу Дрекслер и Паредес. (тука).

-Готово: Фламенго го комплетираше трансферот на Габигол. Интер ќе добие 18 милиони евра плус бонуси.

– Мурињо се распрашува за српскиот напаѓач Александар Митровиќ, но Фулам за неговата слобода бара 50 милиони евра.

-Барселона продолжува со преговорите со Валенсија за трансфер на напаѓачот Родриго Морено.

-Трансферот договорен: Кристиан Ериксен утре треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа ќе потпише договор со Интер.

-Милан и Севиља се во завршни преговори за трансфер на Сусо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …