Дома Фудбал Англија Силва потврди: Ова е мојата последна сезона во Манчестер Сити!

Силва потврди: Ова е мојата последна сезона во Манчестер Сити!

Шпанскиот репрезентативец Дави Силва потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


33-годишниот играч за врска потврди дека ја игра последната сезона за Манчестер Сити и така ќе заокружи една деценија на „Етихад“.

„Ова ќе биде моја последна сезона во Сити, десет години е доволно. Тоа е крајот на еден циклус, тоа е едноставно совршен момент“, рече Силва, кој планира да ја напушти Премиер лигата.

„Не можам да замислам да играм со друг тим против Сити“, рече Шпанецот.

Силва се пресели во Манчестер во 2010 година од Валенсија и освои четири титули во Англија, два ФА Купа и уште четири пати Лига Купот.

Тој до сега одигра 396 натпревари на кои постигна 71 гола и 129 асистенции за Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ули Хенес: Барсенало нема пари за Хари Кејн

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, го пофали Хари Кејн. Зошто проблемот со …