Дома Фудбал Барселона ќе се жали до УЕФА за натпреварот со Атлетико!

Барселона ќе се жали до УЕФА за натпреварот со Атлетико!

Поради поразот од Атлетико Мадрид, Барселона го обвинува судијата за повеќе пропусти, а еден нив ги вознемирува особено.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми блиски до Барселона открија дека клубот размислува да поднесе официјална жалба до УЕФА поради судењето на романскиот судија Иштван Ковач на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Голманот на Атлетико Хуан Мусо изведе гол-аут и ја предаде топката на Марк Пубљ, кој потоа повторно ја зеде во раце на границата на казнениот простор.

Играчи на Барселона реагираа бурно и бараа пенал, но судијата не ја направи таа одлука, а ниту ВАР не интервенираше.

Клубот смета дека Ковач требаше да додели казнен удар во оваа ситуација и се подготвува да поднесе официјална жалба за одлуката.

Во Барселона се крајно незадоволни и поради тоа што капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, не доби втор жолт картон во првото полувреме. Наместо тоа, средниот играч доби само предупредување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…