Дома Топ вести Ливерпул тргнува по бившиот играч на Манчестер Јунајтед

Ливерпул тргнува по бившиот играч на Манчестер Јунајтед

Европскиот шампион Ливерпул се вклучил во трката за потписот на бившиот играч на Манчестер Јунајтед, Мемфис Депај, пренесуваат медиумите на Островот.

25-годишниот Холанѓанец ја „оживеа“ својата кариера во Лион каде одигра две одлични сезони и е на мета на многу европски клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најсилен интерес во моментов за Депај покажува тимот на Вулверхемптон, кој сака сериозно да го засили тимот поради учеството во Лига Европа и веќе испратил примамлива понуда за Холанѓанецот.

Меѓутоа, медиумите на Островот тврат дека Депај преферира преселба на „Енфилд“, иако таму конкуренцијата е жестока и ќе треба да се бори за минутажа со Мане и Салах.

Клоп сака да добие валидна алтернатива за крилните позиции и во Депај гледа идеално засилување, па поради тоа се вклучи во битката за неговиот потпис.

Депај има искуство во Премиер лигата, но на „Олд Трафорд“ не успеа да го покаже својот полн потенцијал, па ова за него ќе биде втора шанса да се покаже во голем англиски клуб.

https://youtu.be/HeWXuhmS-Uc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…