Дома Трансфер зона Јувентус го „жртвува“ Моис Кин за Де Лихт

Јувентус го „жртвува“ Моис Кин за Де Лихт

Јувентус работи на трансферот на Матијас де Лихт, а медиумите тврдат дека двете страни се блиску до договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според последните информации Де Лихт веќе и кажал „ДА“ на „старата дама“, па сега останува уште двата клуба да ја договорат отштетата, а во зделката може да биде вклучен и младиот напаѓач Моис Кин.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи имал 4-часовна средба со Мино Раиола, кој е менаџер на двајцата фудбалери.

19-годишниот Моис Кин важи за еден од најголемите таленти во Италија и за него силен интерес покажува Ајакс, па Јувентус е спремен да го „жртвува“ напаѓачот за да дојде до потписот на Де Лихт.

Ајакс за слободата на Де Лихт бара 75 милиони евра, додека напаѓачот на Јувентус во овој момент е проценет на 30 милиони евра. Фактот што двајцата фудбалери имаат ист менаџер е олеснителна околност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…