Дома Фудбал Од Ливерпул веќе имаат избрано замена за Салах од Германија

Од Ливерпул веќе имаат избрано замена за Салах од Германија

Од Ливерпул го имаат на ум крилото на Хофенхајм, Базумана Туре, како еден од главните фаворити за замена на Мохамед Салах, тврдат медиумите во Англија и Германија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Скаутите на тимот од Мерсисајд присуствуваат на речиси секој натпревар на германскиот тим за да ги следат настапите на перспективниот 20-годишен фудбалер. Весникот “Билд” тврди дека Хофенхајм ќе бара околу 40 милиони евра за правата на талентираниот левоног, кој има договор до летото 2029 година, а во него нема вклучена ослободителна клаузула.

Од авторитетното германско издание дополнуваат дека луѓе од Мерсисајд присуствувале и на пријателскиот натпревар помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Шкотска минатата недела, освоен од Африканците со 1:0, во кој Туре одигра целосни 90 минути. Фланговиот фудбалер беше дел од националниот тим и за време на Купот на африканските нации на почетокот од годината, каде што постигна два гола. Интерес за фудбалерот пројавуваат и други клубови од Англија, меѓу кои и Астон Вила. Во тековната сезона има на своја сметка 11 асистенции и два гола во 24 натпревари во сите натпреварувања со тимот на Хофенхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…