Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ериксен пристигна во Милано, Милан и Јуве започнаа преговори

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ериксен пристигна во Милано, Милан и Јуве започнаа преговори

Во денот кога целиот свет тагува поради смртта на Коби Брајант, трансфер пазарот во Европа не мирува, па ние ќе ве известување за сите трансфер информации.

-Тема на денот секако е Кристиан Ериксен. Данецот пристигна во Милано на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на договорот со Интер (тука).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Стигна богата понуда за Адеми, кој сериозно размислува да ја прифати и да го напушти Динамо Загреб (тука).

-БОМБА: Милан и Јувентус започнаа преговори за интересна трампа. Пакета ќе се пресели во Јувентус, а „росонерите“ за возврат ќе го добијат Бернардески (тука).

-Челзи се приклучи во трката за потписот на Криштоф Пјонтек и е спремен да понуди 27 милиони фунти за напаѓачот на Милан.

Гонзало Игуаин започна преговори за продолужување на соработката со Јувентус.

-Јувентус и Борусија Дортмунд ги договараат последните детали за трансфер на Емре Чан. Германецот веќе има постигнато договор со „милионерите“.

Матео Политано пристигна во Неапол на медицински прегледи. Наполи се договори со Интер за позајмица до крајот на сезоната од 2 милиони евра плус задолжителен откуп за 19 милиони евра.

-Њукасл започна преговори со Борусија Дортмунд за трансфер на Пако Алкасер. Станува збор за позајмица со право на откуп за 25 милиони евра.

-Милан и Бенфика се во завршни преговори за трансфер на младиот играч за врска Флорентино Луис. Станува збор за 18-месечна позајмица за 5 милиони евра и опција за откуп за додатни 40 милиони евра.

-Тотенхем е заинтересиран за ѕвездата на ПСВ, Стивен Бергвајн и работи да го комплетира трансферот до крајот на јануари.

Реал Мадрид го стопираше трансферот на Дани Себаљос во Валенсија. Шпанецот истакна желба да го напушти Арсенал на шест месеци пред истекот на позајмицата од Реал.

Конечен договор се уште нема, но Милан и Севиља се се поблиску до договор за Сусо.

Кајл Вокер Питерс не знае каде. Mурињо даде зелено светло за продажбата на десниот бек на Сутемптон и Кристал Палас со задоволство би го видел во своите редови.

Oбјавени се детали од трансферот кој е многу блиску до реализација. Емре Чан ќе се пресели во Борусија Дортмунд, а Јувентус ќе добие 30 милиони евра оштета.

Гвардиола призна дека бара наследник на Агуеро. (тука)

Флорентино Луис од Бенфика пред трансфер во Милан! (тука)

Брука на Арсенал! Договориле засилување не можеле да го платат! (тука)

Бен Арфа пред трансфер во Примера! (тука)

Агентот на Кавани е во Мадрид! Шпанските медиуми тврдат дека неговиот трансфер во Атлетико е пред реализација, се споменува сума од 15 милиони евра.

Челзи покажал интерес за Пјонтек, меѓутоа во Милан не сакаат на позајмица за што е заинтересиран Челзи, туку само продажба за 30 милиони евра.

Официјално: Лидс го доведе напаѓачот на Лајпциг Жан Кевин Агустин на позајмица. Агустин до 2017 година беше член на ПСЖ.

Манчестер Јунајтед се уште нема договор за Бруно Фернандеш. Доказ е тоа што Фернандеш е во тимот на Спортинг за вечерашниот натпревар против Маритимо (22:00 часот)

Ново познато има на јапонскиот Висел Кобе може да биде Педро. Договорот на Педро со Челзи истекува на лето, интерес за него покажаа уште Њујорк Сити и Интер Мајами од МЛС лигата.

Трансферот на Кавани може да биде потврден до крајот на денот! (тука)

Oфицијално: Рома го претстави Ибанез.

Oфицијално: Столе Димитриевски го продолжи договорот со Рајо Ваљекано!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се сеќавате на засилувањето на Арсенал од 85 милиони евра?

Не беше така одамна 2019 година кога Арсенал изгледаше изгубено, денес ситуацијата е сосем…