Дома Фудбал Останато „Тоа што се презива Мајте и што дојде од Барселона не ми значи ништо“

„Тоа што се презива Мајте и што дојде од Барселона не ми значи ништо“

Тренерот на Спортинг Рубен Аморим не се правдаше премногу кога го прашаа зошто не игра Жереми Матје.

Спортинг вчера со 1:0 во Лисабон ја победи Фереира, а во тимот го немаше искусниот стопер кој беше доведен од Барселона. Со оглед на тоа дека не се работи за повреда новинарите ги интересираше зошто не беше во тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не ми е важно дали се виката Матје или доаѓате од Барселона. Новата недела е нов почеток. Сите играчи мораат да се борат за своето место и тоа дали ќе играат зависи од нивната работа или однесување во текот на недела“, изјави Аморим.

На 36 години Французинот би можел да замине од португалскиот клуб по завршувањето на сезоната. Постои можност Матје и да ја заврши кариерата, се шпекулираше дека може да се врати и во Сошо кој е негов поранешен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…