Во последните години клубовите трошат големи суми на разни играчи, а често пати дел од тие фудбалери се покажуваат како апсолутни промашување.
Познатиот сајт „трансфермаркт“ сега направи тим од најголемите промашувања, односно од скапо платените играчи кои не покажале ништо во досегашниот дел од сезоната. Тимот вкупно има вредност од 300 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лидер“ на тимот е Лука Јовиќ за кого Реал плати 60 милиони евра на Ајнтрахт и досега не покажа апслутно ништо. Во медиумите веќе на големо се пишува дека Јовиќ ќе го напушти Реал. Неговиот учинок досега е само два гола и една асистенција што е премалку за напаѓач од 60 милиони евра.
Да се вратиме од последната линија. На голот на тимот е Нето кој Барселона го плати 18 милиони евра за само да седи на клупа бидејќи нема шанси покрај одличниот Тер Штеген. Во одбраната се: Никол Шулц за кого Дортмунд плати 20 милиони евра, потоа Едер Милитао кој за 50 милиони евра дојде во Реал од Порто, Даниеле Ругани (20 милиони евра), последен во одбраната е Алваро Одраиозола (20 милиони евра).
Средниот ред е составен од Шоја Накаџима, за него Порто плати 20 милиони евра). Друштво му прават уште Виктор Ванијама (12 милиони евра), Фил Фоден (30 милиони евра) и Џердан Шаќири (22 милиони евра). Треба да се спомене дека Ванијама неодамна го напушти Тотенхем и се приклучи Монтреал во МЛС лигата. На оваа листа се најде секако поради слабиот учинок во дресот на Тотенхем.
Покрај споменатиот Јовиќ во нападот е уште Мичу Батшуаи (22 милиони евра.