Тео Хернандес потврди дека наскоро ќе стави потпис на нов договор и сака долго да остане во Милан.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Ервопа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2023 година, но веќе е на мета на многу европски гиганти.
Преговорите за продолжување на соработката се во завршна фаза и Тео наскоро ќе стави потпис на договор до 2027 година.
„Многу сум среќен во Милан. Кога за прв пат ја носев капитенската трака бев пресреќен. Сакам да останам долго во овој клуб, преговорите одат во добра насока и наскоро ќе ја продолжиме соработката“, ијзваи Хернандес.