Украинскиот тенисер Серхи Стаховски реши да се приклучи на украинската армија како волонтер после руската инвазија врз неговата татковина.
Стаховски кој се наоѓа во војската во Киев објави дел од пораките кои ги разменил со Србинот Новак Ѓоковиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ контактирал со неговиот колега и понудил помош, додека Рафаел Надал и Роџер Федерер се уште не се понудиле за помош.
Сергеј објави пораки од Ѓоковиќ и откри што му кажал Србинот.
„Стако, како си човеку? Дали си на терен? Мислам на тебе и се надевам дека ова брзо ќе заврши. Те молам, кажи ми како би можел да помогнам. Финансиски или на друг начин“, му пишал Ѓоковиќ.