Дома Останати Кошарка НБА Таткото на Дончиќ: Со Дивац заедно се смеевме за вестите дека е лут на мене

Таткото на Дончиќ: Со Дивац заедно се смеевме за вестите дека е лут на мене

Неидамна новинарот на „ЕСПН“ Тим МекМахон изјави дека Владе Дивац не го избрал Дончиќ во Сакраменто на драфтот поради лошиот однос со таткото на Словенецот.

Сега во медиумите се огласи Саша Дончиќ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Секако дека е лага. Дивац и јас сме пријатели и меѓу нас се е во ред. Се слушнавме и заедно се смеевме на пишувањата дека е лут на мене. Не знам од каде им се тие информации. Чекајте, па Сакраменто е сериозен клуб зарем мислите дека ќе се откажат од некој играч поради некој личен впечаток?“, изјави таткото на Дончиќ.

Ќе потсетиме, Дончиќ беше избран како трет пик на минатогодишниот драфт од страна на Атланта која веднаш го замени за Трае Јонг.

Словенецот веќе втора НБА сезона е во првите 16 натпревари и влезе во трка за МВП. Дончиќ има просек од 30.9 поени по натпревар, 10.1 скока и 9.8 асистенции, а неговиот Далас има одличен учинок од 11 победи и 5 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште едно признание за Дончиќ: Стана најмладиот добитник од 2012 година

Асот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и официјално го доби признанието за најдобар стрелец в…