Македонија следниот месец ќе настапи на ракометното Светско првенство (СП), а селекторот Кире Лазаров денеска ги собра ракометарите.




Ракометарот на Вардар, Филип Талески кажа дека повеќе нема изговори за резултатите, а исто така посочи дека на контролните средби пред првенството ќе ги проверат своите сили.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Конечно се случи промената на составот со повозрасните ракометари, имавме голема помош во баражот, каде што целото искуство ни го префрлија на нас и ни кажаа дека ние сме на терен и треба да бидеме лидери.




Сепак, на големите натпреварувања е поинаку, секој втор ден се игра натпревар и затоа се собираме порано.




Ни недостигаат само два ракометари, Кузмановски и Митревски, меѓутоа се собравме за овие 10 дена да ги искористиме за основни подготовки.




Последните 10 дена пред настапот треба да видиме што ни недостига на тие контролни натпревари и потоа да ги коригираме грешките“




Треба да ги анализираме противниците и потоа селекторот да направи тактика за да се прикажеме во најдобро светло“, вели Талески.