Дома Македонски спорт МВР се огласи полицаецот кој го удри Талески!

МВР се огласи полицаецот кој го удри Талески!

Македонската спортска јавност вчера беше сведок на шокатно однесување на полициски службеник кој со пендрек го удри ракометарот на Вардар и репрезентативец на Македонија Филип Талески.

Реакциите на јавноста беа жестоки, а сега се огласи и МВР која најави дека ќе го истражи случајот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет во врска со случувањата на финалето на КУП на Македонија

По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица.

По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот“, објави МФР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…